Основи на бугарскиот литературен јазик

от Уикикниги
Направо към: навигация, търсене

Мотивација и цел[редактиране]

Оваа книга постои за да и само за да го направи полесно разбирањето на бугарскиот литературен јазик на Македонецот. Таа се пишува во исто време со паралелното раководство за Бугарите на македонскиот литературен јазик. Македонија можеби навистина е помалка од Бугарија, и се плаши од неа; но секое движење мора да почне од некаде, а Бугарите и Македонците се, барем во погледот на јазикот, блиски еден до друг. Нека ова раководство биде за нив нов почеток.

А секако запаметете дека книга нема уста.

Кога ќе постои одвоено македонско Викибукс, книгава ќе биде преместена таму.

Метод[редактиране]

Бугарската литература е во изобилство на мрежата. Затоа во книгава таа ќе дојде право и бргу. Читање е првиот чекор до владање на јазикот.

На крајот на некои од лекциите ќе се наоѓа блок на вежби.

Бугарска азбука[редактиране]

Бугарска азбука е многу слична со руска, а потоа разликува од македонската. Уникатни нејзини букви се:

- й - ј, но гледај долу
- щ - шт
- ъ - полуглас. За да го кажете, речете ги зборовите со самогласничко р, како што се "српски", "брзо", и тн. Гласот се чува меѓу рот и предната согласка. Понекогаш сепак (во одредени положби) полугласник се обележува со a или я.
- ю, я - таканаречени "јотовани" самогласници. Јотованиот самогласник го читаме како ја односно ју кога стојат на почетокот на збор или следат самогласник. Кога пак следат согласник, мораме да ги читаме како а, у, но со омекување на предната согласка (за што види долу). Во бугарскиот никогаш не ќе видиме йу или йа, туку я односно ю. За я мораме да речеме дека буквава може да го обележува и гласот ъ, исто како а.
- ь - оваа буквата се одваја, пошто никогаш не стои сама, без o (таа е заемка од руски, иако во рускиот во таков облик не се употребува). Комбинацијата "ьо" се чита како o со омекување на предната согласка. Потоа пак не може никогаш да стои после самогласка или на почетокот на зборот.

Македонските букви што ги нема во бугарскиот се:
- љ - љу, ља се пишуваат лю, ля; другите варијанти ги нема.
- њ - ню, ня за њу, ња
- ќ, ѓ - нема, ама има ним одговарачки звуци щ и жд, кои речиси ексклузивно се употребуваат наместо на последните.
- џ - бележи со две букви дж (джоб)

Изговор на бугарскиот јазик[редактиране]

Литературниот бугарски јазик не познава редукција. Тоа значи дека секој глас звучи готово чисто, така како се пишува на хартија. (Ова за жал не важи за сите зборувачи на јазикот, особено подалеку на исток; литературниот јазик и неговото строго почитување на чистоста на зборувањето е еден од придонесите на македонските дијалекти во бугарскиот јазик.)

Долу ги набројуваме најважните црти на бугарската фонетика.

Акцентот[редактиране]

Бугарскиот акцент мора да биде проучуван од секој што го учи јазикот, бидејќи тој е слободен и може да стои на секој слог во зборот. Во бугарски, за разлика од српскохрватски и слично на македонски, акцентот е силен а не тонален, т.е. нема варијација во интонацијата кога се зборува.

Асимилација[редактиране]

Асимилација е важна особина на бугарскиот јазик. Повеќе зборови во бугарскиот се изговораат како нивните одговорници во македонскиот; но истите зборови се пишуваат според бугарскиот правопис во историската форма. Ова значи дека глуви согласки во бугарскиот можат да се пишуваат со звонка буква. Ова треба да го паметите кога читате бугарски текст.

Меките согласки[редактиране]

Повеќе бугарски согласки имаат меки варијанти. Меките согласки се изговораат со удел на врвниот дел на уста (palate), па најблискиот изговор, кој во пределот ги дава меките варијанти, е согласката, а потоа "ј". Така "място" ќе гласи "мјасто", а "люлея" - "љулеја". Освен л, н, к, г, х, и м, во бугарскиот можат да бидат меки уште: б (бях - бев), в (вярвам - верувам), д (дядо - дедо), з (мразя - ), п (хапя - ), р (рядък - редок), с (сянка - сенка), т (тя - таа), ц (цял - цел). Щях, разговорно "сакав", се чита "штјах" со меко т. За ж и ш ќе забележиме дека тие се помеки одошто во македонскиот, па така ж во живот звучи како француското j во Jaques.

Вежба 1[редактиране]

Изговорете дел од оваа бугарска песна од песникот Ботев. Потоа препишете ја на македонски правопис (сочувајќи го јазикот).

МОЯТА МОЛИТВА

О, мой бо`же, пра`вий боже!
Не ти`, що` си в небеса`та,
а ти, що си в мене, боже -
мен в сърце`то и в душа`та...

Не ти, кому`то* се кла`нят
калу`гери и по`пове
и кому`то све`щи* па`лят
правосла`вните ско`тове;

комуто - кому што
свещи - свеќи

не ти, ко`йто си напра`вил*
от` кал мъ`жът и жена`та,
а чове`кът си оста`вил
роб да бъ`де на земя`та;

направил - сторил

не ти, който си пома`зал*
царе`, па`пи, патриа`рси,
а в нево`ля си заря`зал*
мо`йте бра`тя сирома`си;

зарязал - овде "злонамерно игнорирал"

не ти, който учиш ро`бът
да търпи`* и да се мо`ли
и хра`ниш го дор* до гро`бът
са`мо със* наде`жди го`ли;

дор, поетично от дори - дури със - со

не ти, боже на лъжци`те*,
на безче`стните* тира`ни,
не ти, и`дол на глупци`те,
на чове`шките душма`ни!

лъжците, от лъжец, онај што лагува

А ти, бо`же, на разу`мът,
защи`тниче на ро`бите,
на кого`то щат празну`ват
де`нят* ско`ро народи`те!

на когото щат празнуват денят - чији денот ќе празнуват - конструкција со стариот инфинитив

Одговорот

Споредбена фонетика[редактиране]

Во овој дел ќе ви ги претставиме основите на фонетските паралели меѓу два јазици, бугарскиот и македонскиот. Нив ги има многу, ама тие се учат лесно.

щ и жд[редактиране]

На македонските ќ и ѓ им одговараат бугарските щ и жд,
между - меѓу (мегю)
свещ - свеќа (свекя)
нощ - ноќ (нокь)
освен во прилогот (земен од македонскиот), каде македонското ќ (кь) се задржува и превраќа во к:
мислейки - мислејќи

ъ[редактиране]

Бугарскиот полугласник има два одговорни гласови во македонскиот, во врска со потеклото на гласот. Многу зборови, се изговораат во бугарскиот со ъ а во македонскиот со а:
път - пат
ръка - рака
зъб - заб

Ама во други зборови, во кои полугласот го има уште со општословенските времиња, на ъ одговара о, како во рускиот:
сълза - солза
слънце - сонце
Забележете дека старото самогласничко л често стои во бугарските зборови додека во македонските зборови не се пишува и не изговора. Бугарскиот литературен јазик бара полон изговор на ова л. Исто не е лесно да се разместат л и ъ во бугарските зборови, бидејќи дури со промената на зборови тие можат да си ги променат местата).

Некои македонски зборови со самогласничко р (главно оние со српско потекло) во бугарски се пишуваат со полугласник:
сърбин - Србин
гръцко - грчко
(Нивното разместување пак е тешко).

х[редактиране]

Старото словенско „х“ се задржува во многу зборови во македонските кореспонденти на кои одамна го нема. Најчесто наместо овој глас во македонскиот стои „в“ или пак воопшто ништо не стои.